За APPLE

Иновативноста на APPLE

Со развивање прирачник за образовниот кадар и онлајн платформа за рано детектирање, составена од клучни научни материјали и алатки, APPLE има за цел да ги обезбеди наставниците, професорите, училиштата, образовните организации и надлежните органи со потребните алатки за да ги идентификуваат младите во опасност од напуштање на образованието и превенција од истото. Раната детекција на децата и младите луѓе кои се изложени на ризик од предвремено напуштање на образованието ќе им овозможи на наставниците да преземат акција и да го намалат ризикот од напуштање на училиштата.

Целта на APPLE:

Изготвување прирачник за образовниот кадар, како и онлајн платформа, која ќе содржи клучни материјали (истражувачки трудови, практики засновани врз факти / практики засновани врз искуства, алатки и сл.).

Овозможување на професорите и наставниците да применуваат иновативни педагошки методи и олеснување на процесот на идентификација на младите кај кои е присутен ризик од напуштање на образованието.

Изнаоѓање начини за спречување на предвремено напуштање на образованието, како и неопходните реформи на политичко и институционално ниво.

Подигнување на свеста кај образовната заедница за важноста на спречување на предвремено напуштање на образованието.

Како APPLE ќе успее?

Со дизајнирање и организирање семинари за градење на капацитетите прилагодени на потребите на образовниот кадар.

Со организирање на фокус групи со млади кај кои е присутен ризик од предвремено напуштање на образованието, како и интервјуа со професори.

Со изготвување на прирачник за образовниот кадар за профилите на младите кај кои е присутен  ризик од предвремено напуштање на образованието.

Со развивање на онлајн платформа за рано детектирање, која ќе се состои од клучен научен и педагошки материјал, како и прирачници, Масовни отворени онлајн курсеви (MOOC) и извештаи.

Со организирање на работилници и состаноци со креаторите на политики, претставници од аналитички центар и невладини организации, активисти и истражувачи, со цел размена на мислења и идеи и потенцијално подготвување на акционен план за спречување на предвременото напуштање на образованието.