РЕЗУЛТАТИ

Со оглед на важноста на поддршка/оспособување на образовниот кадар со вештини потребни за навремено идентификување на младите изложени на ризик од предвремено напуштање на училиштето, целта на оваа активност е развој и спроведување семинари за градење на капацитетите. Преку семинарите, наставниците/професорите ќе го збогатат своето знаење од областа и ќе стекнат нови вештини за иновативни педагошки методологии. Покрај тоа, учесниците ќе можат да разменуваат искуства и добри практики со врсници, како и да ја прошират својата мрежа за соработка. На овој начин, образовниот кадар ќе може да обезбеди навремена поддршка на учениците кои спаѓаат во ризична група и нивните семејства. Семинарите за градење капацитети ќе бидат организирани во Обединетото Кралство, Грција, Романија, Шпанија, Северна Македонија и Португалија.

Тимот на APPLE ќе изготви прирачник за наставници/професори кој ќе содржи материјали за профилите на младите луѓе кои спаѓаат во ризичната група, причините за предвремено напуштање и лични приказни на корисниците на програмата (по нивна согласност и во согласност со општата регулатива за заштита на податоци). Прирачникот ќе биде јавно достапен на јазиците на партнерите во проектот (АНГ, ГРЧ, РО, ШП, МК и ПТ) и ќе биде широко распространет. Оваа акција вклучува и спроведување на фокус групи со млади кои се изложени на ризик од предвремено напуштање на образованието или практичната настава.

Оваа акција се однесува на развој и пилот тестирање на онлајн платформа за наставници/професори, училишта, организации и засегнати страни. APPLE платформата ќе се состои од клучни материјали (истражувачки трудови, практики и алатки засновани врз факти / практики засновани на искуства, итн.), како и прирачници за APPLE, програма и извештаи. APPLE платформата ќе му овозможи на образовниот кадар да примени иновативни педагошки методи (т.е. отворен дијалог и филозофија за деца) и полесно да ги идентификуваат младите кај кои е присутен ризик од напуштање.

Целта е да се зголеми влијанието на APPLE проектот преку привлекување на вниманието на креаторите на политики, аналитичките центри, истражувачките институции, академиците, активистите и невладините организации за овој сериозен проблем. Преку консултантски работилници учесниците ќе имаат можност да дискутираат за проблемот на предвремено напуштање на училиштето, да ги идентификуваат начините за превенција и неопходните реформи на политичко и институционално ниво. Во оваа рамка, ќе бидат развиени извештаи со конкретни акциони планови, додека истражувачите на APPLE ќе учествуваат на конференции и ќе објавуват трудови во научни списанија.