You are currently viewing APPLE: Европска иницијатива за превенција од предвремено напуштање на образованието

Иновативни образовни алатки кои имаат за цел превенција од предвремено напуштање на училиштето и да се справат со проблемот со рано напуштање на училиштето беа развиени како дел од проектот финансиран од ЕУ „APPLE Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образованието “. кој беше имплементиран во последните две години (декември 2019 – ноември 2021 година) во Обединетото Кралство, Грција, Шпанија, Романија, Португалија и С. Македонија.

Покрај значајните промени во областа на образовната интеграција на младите луѓе од ранлива категорија, предвременото напуштање на училиштето останува предизвик за многу земји-членки на ЕУ, бидејќи ја попречува продуктивноста и конкурентноста и ја поттикнува сиромаштијата и социјалната исклученост. Според базата на податоци што ги објави Еуростат, во 2020,во ЕУ 11,8% од младите кои рано го напуштиле образованието биле од машки пол, додека 8,0% од нив биле од женски пол.

Иницијативата APPLE има за цел да се справи со предвременото напуштање на училиштето, преку развивање иновативни алатки за едукатори, училиштата и властите за полесно да ги идентификуваат младите кои се изложени на ризик од напуштање. Посебен фокус беше даден на групите кои најверојатно ќе бидат изложени на ризик од рано напуштање, како што се децата и младите бегалци и мигранти, припадниците на ромската заедница или религиски, етничките и јазичните малцинства, учениците со посебни потреби и ученици од семејства со ниски приходи и сиромашни рурални средини.

За време на имплементацијата на APPLE се разви водич за едукатори и онлајн платформа за рано детектирање (https://www.appleproject.eu/platform/) – која се состои од клучни научни материјали и алатки – кои им овозможуваат на едукаторите да применат иновативни педагошки методи и да ги идентификуваат полесно младите кои се под ризик да го напуштат училиштето. Идентификацијата на децата и младите кои се изложени на ризик од предвремено напуштање служи како рано предупредување, дозволувајќи им на едукаторите да преземат акција и да се справат со ризикот од напуштање. Платформата содржи и национално истражување од земјите-учеснички во врска со прашањето за рано напуштање на училиштето, семинар за градење капацитети за едукатори и истражување – white paper со научните резултати од проектот, која беше објавена во научни списанија. Содржината е достапна на сите јазици на партнерите.

На крајот на проектот, во секоја земја учесничка се одржаа голем број национални настани за промовирање на проектот, додека на Завршната конференција, која се одржа онлајн, присуствуваа 150 луѓе (едукатори, невладини организации, засегнати страни во образованието, психолози) од земјите учеснички. Проектот беше добро прифатен во текот на неговата имплементација преку пилотирање, прашалници и презентации. Партнерите ќе продолжат да ја ажурираат платформата и ќе обезбедат одржливост на резултатите од проектот. Платформата е бесплатна за сите заинтересирани за темата за предвремено напуштање на училиштето.

Проектот  е финансиран преку Еразмус+ прогамата на Европската Унија. Се имплементирше од страна на следните шест организации: КМОП – Центар за социјална акција и иновација (ГР), Канари Варф Консалтинг (ВБ), Инсталофи Лаванте (ЕС), Центар за промоција на доживотно учење – CPIP (РО), Апроксимар – Cooperativa de Solidariedade Social (ПР), Центар за семејно и детско згрижување – Скопје (МК).

За повеќе информации посетете ја веб страната на проектот: www.appleproject.eu

Контакт: info@appleproject.eu

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ.