Платформа за рана детекција и превенција од предвремено напуштање на образовниот сиcтем од страна на младите (APPLE)

Предвременото напуштање на образованието (осипувањето) е постојан предизвик на многу земји-членки на ЕУ и покрај значајните достигнувања што се направени во однос на образовната интеграција на млади луѓе од ранливите категории. Потребата за спроведување на проектот APPLE произлезе од високата стапка на предвремено напуштање на образованието во земјите-членки на ЕУ и другите земји партнери. Според базата на податоци што ги објави Еуростат, 10,6% од младите (18-24) во ЕУ во 2017 година не го завршиле своето образование во средно училиште од најразлични социјални, економски и семејни причини.

АPPLE има за цел да се реши проблемот со предвремено напуштање на училиштето преку развивање на иновативен прирачник за образовниот кадар, како и платформа за раното детектирање, што ќе им овозможи навремено да ги идентификуваат младите кај кои е присутен ризик од напуштање и да преземат превентивни мерки против предвременото напуштање на образованието.

Кој може да се приклучи

Едукатори, наставници/професори, образовни кадри, здруженија на наставници и академски професори;

Училишта/раководители на училишта;

Образовни институции, креатори на политики и други релевантни чинители и засегнати страни.